Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад”
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик.
– На 14.02.2022 на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад”, појаснуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот