Кривична пријава за скопјанец за разбојништво
Секторот за внатрешни работи-Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(38) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела, две кривични дела „разбојништва“ и две кривични дела „разбојништва во обид“.
Како што информира денеска МВР, кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 10 до 11 овој месец, две на подрачје на Центар и две на подрачје на Бит-пазар, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 26.280 денари.
Првото кривично дело го извршил на 10 јануари годинава околу 18.30 часот на булеварот „Партизански одреди“, поточно во ТЦ Буњаковец во аптека. Пријавениот откако влегол во аптеката, со шприц кој го носел во рака, и се заканил на оштетената дека ќе го употреби и оти ќе ја зарази со сида ако не му даде пари. Вработената исплашена за својот живот, му кажала дека парите се во каса, а Х.С. ја отворил касата ги одзел парите и таблети вијагра и го напуштил местото на настанот.
Останатите три кривични дела ги извршил на 11 овој месец од 15 до 18 часот. Откако влегол во бутик со огнено оружје–пиштол и се заканил на продавачката, по што дошол зад работното биро, ги отворил фиоките и без ништо да одземе го напуштил местото на настанот. Потоа се упатил на улица „1737“, поточно во биро за судски преводи и откако влегол со огнено оружје–пиштол му се заканил на сопственикот и неговата сопруга, по што од работното биро одзел мобилни телефони и ташна и го напуштил местото на настанот.
Четвртото кривично дело „разбојништво во обид“ го извршил околу 18.45 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во продавница за текстил. Откако влегол во продавницата, со закана со огнено оружје -пиштол и се заканил на оштетената, по што таа излегла надвор и почнала да вика за помош, а пријавениот без ништо да одземе го напуштил местото на настанот. Непосредно по извршувањето на ова кривично дело, откако оштетената побарала помош, две лица кои се наоѓале во непосредна близина го забележале Х.С. и се упатиле кон него, а истовремено случајот го пријавиле во полиција .
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, а откако го забележале Х.С. во возило, го легитимирале. Потоа извршиле преглед и кај него бил пронајден пластичен пиштол–запалка и шал, кои ги користел при извршување на кривичните дела, како и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела кои ги извршил истиот ден, по што бил приведен во ПС ОН Бит-пазар.
Во просториите на полициската станица од страна на оштетените било извршено препознавање на лице, при што сите оштетени го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела.
Х.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражби, „тешки кражби“ и „разбојништва“), за што од страна на СВР Скопје му биле поднесени 13 кривични пријави. Х.С. во времето кога ги извршил овие кривични дела бил пуштен на викенд од затвор од Штип, каде издржувал казна.
Ново на Сител
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол