Кривична пријава за скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев
Шеесет и седумгодишен скопјанец заработи кривична пријава поради објавен коментар на Фејсбук со заканувачка содржина кон премиерот Зоран Заев.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија, соопшти МВР.
Премиерот Зоран Заев на 25 јули од собраниската говорница информира дека ја пријавил во МВР заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по прес-конференцијата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието.
Заев кажа дека се знае идентитетот на човекот кој ја напишал пораката и оти случајот е пријавен во МВР
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот

