Кривична пријава за предизвикување општа опасност, пукал на семејна веселба
По добиени информации дека вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, полицијата денеска извршила претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во скопското село Синѓелиќ.
При претресот, како што соопшти МВР, е пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. - Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија
-
Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса