Кривична пријава за поранешниот директор на АВРМ
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за вработување В.П. (39) од Скопје поради злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил Буџетот на Република Македонија за 844.121 денари или 13.725 евра.
Како што информира МВР, В.П., како вршител на должност - директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во текот на 2016 година спротивно на Законот за јавни набавки, без спроведена законска постапка, на правно лице од Скопје му доделил работни задачи за санација на објект. На тој начин овозможил правното лице противправно да се стекне со имотна корист од 416.304 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.
Исто така, пријавениот во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила сопственост на АВРМ и без одобрување од Управниот одбор, на 28 октомври 2015 година склучил Договор за меѓусебна техничка соработка со Министерството за труд и социјална политика при имплементација на активни програми и мерки за вработување.
По основ на тој договор, на Министерството за труд и социјална политика му отстапил на користење четири возила сопственост на АВРМ. За отстапените возила, В.П. дал на користење и картички за гориво со одреден лимит за две бензински пумпи. За да овозможи користење на картичките за гориво бензинските пумпи, пријавениот издал и дупли идентификациски картички на име на лицата вработени како возачи во Агенцијата за вработување, a без нивно знаење.
Со користење на картички за гориво, во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, било полнето гориво во вкупен износ од 427.817 денари на штета на буџетот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
