Кривична пријава за поранешен референт во Катастарот во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(53) од кумановското село Режановце, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Воедно, против Ј.Ј.(63), С.Т.(65) и С.П.(63), сите од село Пелинце-Кумановско, е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.
Според МВР, во 2012 и 2013 година, И.А. како референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности на Р.Македонија-Одделение за кастастар на недвижности Куманово, оформил предмети за наводно исправка на техничка грешка по службена должност за 15 парцели со површина од 168.697 метри квадратни од катастарската општина Пелинце кои биле во сопственост на Македонија, како и една парцела од таа општина со површина од 7.703 метри квадратни со неутврдена права на сопственост. По ова, изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за паричен надомест од 1.200 евра ги префрлил во имотните листови каде крајни сопственици се второ, трето и четврто пријавените, како и на лицата Б.П., Д.П., М.П., Р.С., Б.С., В.С .,Д.С. С.С., С.Т., Б.Т., М..А. и Д.Ј.
По ова, второ, трето и четвртопријавените таквите имотни листови во текот на 2013 и 2014 година ги искористиле како вистинити пред лиценцирани лица за вршење стручни работи од областа на шумарството во приватни шуми по што добиле одобрение за сеча на огревно дрво и од пет катастарски парцели исекле 203,8 метри кубни огревно дрво, со што го оштетиле Буџетот на Р. Македонија за износ од 1.426.600 денари.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот