Кривична пријава за објавување списоци со наслов Корона вирус – КОВИД 19 со лични податоци на социјалните мрежи, забрането објавување информации за здравјето на граѓаните
Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување на списоци со наслов Корона вирус -КОВИД 19 за граѓани на РМ на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење. Согласно Законот за заштита на личните податоци, од Агенцијата потенцираат дека обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета.
АЗЛП на нивната веб-страна објави укажување во врска со објавената вест на неколку електронски медиуми дека на социјалните медиуми кружат фотографии со списоци со лични податоци (име, презиме, адреса, матичен број) на лица од Куманово кои се заболени со корона вирус (Ковид-19).
– Ваквата обработка на личните податоци вклучително и фотографирање на списоци со лични податоци на лица кои се инфицирани со корона вирусот или, пак, се во домашна изолација или во државен карантин, како и нивно објавување и какво било друго споделување без законска основа, претставува прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и дека ваквиот начин на обработка на личните податоци претставува кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 од Кривичниот законик за што е пропишана парична казна или казна затвор, се потенцира во соопштението.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета, а може да се врши само во строго утврдени исклучоци согласно закон.
Од АЗЛП нагласуваат дека исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон, не се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување на лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од корона вирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон.
– Воедно, според горенаведеното и врз основа на член 63 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/20) и член 273 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018), директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци до Основното јавното обвинителство поднесе Кривична пријава против: непознат сторител за кривично дело злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот Законик, се посочува во соопштението објавено на веб-страната на Агенцијата.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната