Кривична пријава за обид за убиство за лицето што синоќа пукаше со пиштол во центарот на Охрид

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.Т. од Охрид, лицето што синоќа пукаше со пиштол во центарот на Охрид, во индицент про што беше тешко повреден А.И. (35) исто така од Охрид.
Според полициското соопштение, Н.Т. бил приведен кратко време после 23:45 часот откако во полициската станица во Охрид било добиено телефонско известување за пукање од огнено оружје во сендвичара „Пинк Пантер“ на улицата „Македонски Просветители“ во центарот на Охрид.
Инцидентот се случил при меѓусебна прво вербална расправија, што подоцна преминала во жетока физичка пресметка. Во еден момент сега приведениот Н.Т. од предниот дел од појасот извадил огнено оружје за кое не поседувал дозвола, го вперил кон А.И. и испукал еден проектил. Испукувањето се случило кога А.И. сакал да се отргне од Н.Т. и го фатил за рацете со цел да го оттурне од себе. Во тој момент се случило испукување на уште неколку проектили по што А.И. се здобил со тешки телесни повреди во пределот на нозете.
Лицето А.И. било пренесено во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, а по укажаната лекарска помош е префрлено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „СВ. Еразмо“ Охрид за натамошно лекување.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
