Кривична пријава за лице од струшко за фалсификување исправа за транспорт на дрва
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(52) од струшкото село Мислодежда и против правен субјект со седиште во струшкото село Ново село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик „Фалсификување исправа“, соопшти денеска СВР Охрид.
Пријавениот С.М. на 17 февруари годинава, во својство на потписник на правниот субјект, според информацијата, неовластено и спротивно на членот 70 од Законот за шуми, изготвил фалсификат испратница за превоз на дабово и буково огревно дрво од складот на правниот субјект до Скопје и внел лажни податоци за потеклото на дрвната маса и основот за превоз по што, се потпишал во име на овластен шумски инжинер, без негова согласност.
При контрола на товарното возило, кое вршело транспорт на огревното дрво, тим од полициски службеници и шумска полиција, откако утврдиле фалсификувана исправа и бесправна сеча, како што е наведено, го одзеле возилото со вкупно 34 метри просторни огревно дрво.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска