Македонија
6. April 2017 - 15:18

Кривична пријава за И.Ј. од Велес за убиство

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Ј.(65) од Велес за сторени кривични дела „убиство“ и „тешка телесна повреда“. На пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 11,00 часот во Велес,  на ул.„Методија Андонов Ченто“ по претходна расправија, И.Ј. насилно влегол во домот на Р.Т. (65) и нејзиниот син З.Т. (46), при што на З.Т. му нанел повреда со нож во пределот на раката, а на Р.Т. со секира и нанел повреда во пределот на главата.

Р.Т.  во критична состојба е  пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде во 14,00 часот починала, а на  З.Т. укажана му е лекарска помош во Медицински центар Велес.