Кривична пријава за гостиварец кој крадел од станови и куќи низ Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против лицето О.А. од Гостивар, осомничен дека е сторител на 18 казненни дела „тешка кражба“.
Според информациите од СВР Охрид, 20-годишниот гостиварец во текот на овој месец во 18 наврати извршил тешки кражби, провалувајќи во повеќе куќи, станови и деловни објекти низ Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 299 илјади денари.
Осомничениот О.А. користејќи подесен алат и физичка сила, насилно влегувал во куќите и деловните објекти по што откако ќе извршел пребарување во внатрешноста одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, парфеми и други предмети.
Инаку, работејќи на реализација на тешките кражби, СВР Охрид оформи предмет со прецизни оперативни информации по што деновиве беа пронајдени повеќе сторители и беа поднесени неколку кривични пријави против лица од Република Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. По добиени наредби од Основниот суд во Охрид беа извршени претреси во домовите на пријавените и беа пронајдени дел од бесправно одземените предмети.
Податоците покажуваат дека СВР Охрид бележи зголемена ефикасноста во расветлувањето на казнените дела „тешка кражба“. Според аналитичките показатели, од пријавените тешки кражби во јули оваа година, реализирани се 24 дела што претставува зголемување во однос на реализираните девет во истиот период лани. Тоа воедно значи зголемување на откривачката функција која во јули годинава изнесува 60 проценти додека во истиот период лани ефикасноста во откривањето на сторителите на тешките кражби била 50 проценти.
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
