Македонија
16. July 2019 - 17:08

Кривична пријава за едно лице осомничено за криумчарење мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Ф.А. (26) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

МВР денеска соопшти дека на 11 јули 2019 година во село Ваксинце, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле девет лица, мигранти од Авганистан, Бангладеш и Пакистан.