Кривична пријава за две лица од Гостивар за наркотични дроги
Кривична пријава за две лица од Гостивар за недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава против Е.И.(26) од гостиварското село Лакавица и Б.Р.(34) од Гостивар, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.
Вчера околу 21 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид, во патнички автомобил „порше“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.И., пронајдени се околу 40 килограми непозната тревкаста материја.
- Акцијата е изведена во соработка со униформираниот полициски состав од полициската станица од Струга со поставување пункт на раскрсницата помеѓу струшките села Франгово и Калишта. Притоа, сопрен е патничкиот автомобил по што на задното седиште забележана е црна платнена торба со 20 најлонски пакувања со зелена растителна материја. Дополнително во багажниот простор на возилото, пронајдена е уште една таква торба со иста количина најлонски пакувања. Покрај ова, пронајдени се и мобилни телефони, како и поголема количина пари во различна валута, се наведува во соопштението на МВР.
Во консултација со јавен обвинител, пронајдената растителна материја и другите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика