Кривична пријава за двајца стружани за кражба на дрва

Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, СВР Охрид и Регионален центар за гранични работи-Запад, поднесоа кривична пријава против Е.К. (28) и Г.К.(21) двајцата од струшкото село Шум.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ионформира дека во текот на септември и октомври годинава, пријавените противправно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-а, над селото Вишни во близина на месноста Три Шилки.
- Тоа го направиле во својство на работници со договор за дело за Јавното претпријатие „Македонски шуми-шумско стопанство Јабланица“ од Струга ангажирани како секачи и дотурувачи на дрва. Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, спротивно на правилата за експлоатација на шумите, против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва, изјави Димоски.
При контрола на тимови од службеници во шумската, граничната и криминалистичката полиција од Струга, најнапред пронајдени биле 14 а дополнително и останатите 18 метри просторни дрва. Полицијата извршила увид и изготвила записник за направена штета.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
