Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства.
- Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до 12 март годинава довела во заблуда повеќе лица, така што лажно прикажувала факти преку социјалната мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра и 6.000 денари.
Ова е прв ваков случај до сега на ова подрачје.
Дебарското одделението за внатрешни работи на 13 март информираше дека постојат лажни информации од одредени лица кои се всушност, класичен обид за измама, со цел противправно стекнување парични средства. Апелираше, граѓаните да бидат внимателни, да не се јавуваат на оставените мобилни броеви за контакт, да не се среќаваат со други лица по овој основ, да не споделуваат лични податоци и да не вршат донирање на парични средства.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
