Македонија
27. February 2020 - 12:54

Кривична пријава за дебранецот кој обиде да силува сограѓанка

Кривична пријава заработи дебранецот кој се обиде да силува сограѓанка.

-Поради постоење основи на сомнение за обид за силување, Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против Б.Д. (33) од Дебар. Тој, на 22 овој месец  околу 22 часот, беше приведен и лишен од слобода откако претходно влегол во домот на 42 годишна жена, жителка на Дебар, по што се обидел да го изврши казненото дело, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека се очекува судија на претходна постапка да одреди мерка притвор.

Портпаролот Димоски информраше дека вера во 16:45 часот, на улицата „8-ми Септември“ во Дебар,  нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Л.(23) и А.К.(32), двајцата од Дебар.

Тие се приведени во Полициската станица од општа надлжност по што ќе им биде поднесена соодветна пријава.