Кривична пријава за четворица скопјани поради извршени кражби
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Л.А. (21), Ф.С. (20), Џ.Ќ. (17) и Б.Е. (19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ (првите тројца извршиле три кривични дела, а четвртопријавениот извршил едно кривично дело), казниво по член 237 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавените, соопшти МВР, ги извршиле кривичните дела во периодот од 27 декември до 30 декември на подрачјето на Карпош и Центар во вечерните часови и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 80.500 денари.
На 27 декември година околу 20.30 часот во Градски парк во Скопје, кај големото езерце, Л.А., Ф.С. и Џ.Ќ. со закана со нож на оштетениот му го побарале мобилниот телефон и пари, по што го турнале во езерцето. После тоа побегнале од местото на настанот.
На 28 декември година околу 20 часот на ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, четворицата пријавени пресретнале четири малолетници и со закана со нож и метален боксирач од оштетните одзеле пари и мобилни телефони.
На 29 декември околу 22.30 часот на пешачката патека на кејот на реката Вардар, Л.А., Ф.С. и Џ.Ќ., со закана со ножеви, од две лица одзеле паричник и мобилен телефон . Пријавените физички нападнале едно од оштетените лица затоа што им се спротивставил. Откако го извршиле кривичното дело, Л.А. го продал телефонот на лице од с.Кондово. Лицето кое го купило мобилниот телефон подоцна заклучило дека телефонот не му припаѓал на продавачот. Настанот го пријавил во полициска станица, а мобилниот телефон го вратил.
По преземени оперативни мерки било утврдено дека можни сторители на кривичните дела се горенаведените лица. Подоцна, во полициска станица, пријавените биле препознаени од оштетените. По извршен разговор со четворицата пријавени, тие ги признале делата.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД