Македонија
12. July 2021 - 17:24

Кривична пријава за 73 годишен маж поради неовластено изработување и тргување со оружје

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(73) од Кичево, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23.04.2021  во 13.00  часот од полициски службеници од ОВР  Кичево извршен бил претрес во дом и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени револвер „нагант ми 895“ калибар 7,62 мм и 14 куршуми калибар 7,62 мм.