-->
-->
Кривична пријава против тројца Прилепчани за кражби во цркви
-->
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.А. (27), С.А. (27) и В.К.(37), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.МВР информира дека С.А., С.А. и В.К. во 10 наврати, во периодот од 7 август до 2 ноември извршиле тешки кражби во цркви во селата Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Беранци, Лознани, Новоселани, Вашарејца, Трап и Новаци на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила.
Тројцата пријавени, кражбите ги вршеле групно. Со употреба на сила и погоден алат ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите и влегувале внатре. Тие, во црквите најчесто одземале пари, но и бакарни предмети кои се користат за крштевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго. Со овие дејствија, пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД потрошиле 48,3 милијарди долари за војната во Иран, не се пресметани штетите врз базите
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани
-

Николоски во работна посета на Валандово
-

Претпладне дожд, попладне разведрување
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
