Македонија
8. November 2015 - 13:51

Кривична пријава против скопјанец за семејно насилство

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.И. поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

Тој на 4-ти овој месец во семејниот дом во алкохолизирана состојба физички ја нападнал сопругата при што удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу вратот и нанел тешки телесни повреди, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие ако настанот го пријави во полиција.

Следниот ден повредената побарала помош на Клиниката за уво, нос и грло каде и е извршен оперативен зафат.

На 5 ноември М.И. е приведен во полициска станица и извршен е разговор за околностите под кои е извршено кривичното дело.