Македонија
12. јуни 2018 - 16:57

Кривична пријава против Охриѓанец за „силување во обид“

Кривична пријава е покрената против охриѓанец поради обид за силување на малолетна девојка. 

СВР-Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т. (33) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.

Тој, казненото дело го сторил на 2 јуни околу 1:00 часот на улица „Славеј Планина“ во Охрид. Следел 16-годишна девојка и пред нејзиниот влез силно ја повлекол кон себе но истата започнала да вика при што дошол еден од соседите и пријавениот го напуштил местото на настанот.