Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга
Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид.
Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицата, тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите