Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик.
Првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање