Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Бугарија и А.Т.(41) од Охрид осомничени за кривични дела „измама“.
Како што соопшти МВР, од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви.
-Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари, информира Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
