Кривична пријава против две физички лица и правно лице од Велика Британија за кривично дело „компјутерска измама“
СВР Штип соопшти дека поднела кривична пријава против две физички лица Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) и правно лице од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци.
– Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач. На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена