-->
-->
Кривична пријава против двајца полициски службеници поради примање поткуп
-->
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "примање поткуп" по член 357 од КЗ.
Имено, полициските службеници на 15.11.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред ЈО за ГОКК, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студено утро, преку ден умерено до значително облачно
-
Без струја дел од корисниците од општините Центар и Аеродром
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск