Македонија
20. January 2025 - 17:57

Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва

- СВР Битола поднесе кривична пријава против И.О.(40) од с.Црнилиште, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ на дрва, посочуваат од МВР.

Како што наведуваат од МВР на дневниот билтен, на 30.10.2024 во с.Црнилиште, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дабови и букови дрва без соодветен жиг и соодветна документација и дозвола за сеча.