Кривична пријава поради несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице - референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување - суспензија од работното место.
Ново на Сител
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа
-
Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен