Кривичен суд: Прераспоредувањето на судии во други оддели е од организациски причини
Прераспоредувањето на судии во други оддели е поради организациски причини, со кои не би се довела во прашање работата на Судот и е согласно Законот за судови, се вели во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1.
- Потребата за овие прераспоредувања се јавува со оглед на фактот дека во овој Суд од страна на Судскиот совет беа избрани двајца нови судии, еден судија беше избран во повисокиот - Апелацискиот суд, двајца судии заминаа во пензија, а се јави и потреба од поставување двајца раководители односно раковидител на Одделот за малолетници и раководител на Одделот за кривично полнолетни, а неколку судии согласно член 39 од Законот за судови, лично поднесоа барање за прераспоредување во друг оддел заради лични или здравствени причини, велат од Кривичниот суд.
На колегиумот што бил одржан на 13-ти овој месец од претседателот на овој Суд учествувале сите судии. - Сите судии ја произнесоа својата желба каде сакаат да бидат распоредени согласно нивните амбиции и согласно чл.39 од Законот за судовите бидејќи за прераспоредување надвор од годишниот распоред е потребна волја на судијата, а во спротивно истото се прави по образложена одлука на претседателот на Судот, се додава во соопштението.
Од Кривичниот суд информираат дека во процесот на распоредување по одржаниот колегиум се донесени одлуки за распоредување на судијата Ненад Савевски во Одделот организиран криминал претходна постапка како зајакнување на овој оддел, судијата Даниела Димовска е распоредена во Одделот кривично претходна постапка, судијата Оља Ристова е прераспоредена од Одделот за прекршоци област сообраќај во Одделот кривично малолетни, додека судијата Лирие Елези Ајрулау која постапува во Одделот кривично малолетни е определена за претседател на Одделот кривично малолетни.
Од Кривичниот суд посочуваат дека во следниот период дополнително ќе следат и нови одлуки за прераспоредување во зависност од потребите за да не се доведе во прашање постапувањето на Судот.
Ново на Сител
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
-
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб
-
Делови од Кисела Вода и Волково без струја
-
Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи