-->
-->
Кривичен суд: Барањата за амнестија за 27. април испратени на мислење кај обвинителството
-->
Во Јавното обвинителство денеска пристигнале вкупно 66 барања за амнестија за настаните од 27 април минатата година, доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Како што соопштија од ЈО, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнале 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.
-Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег