Кривичен издаде упатен акт: Јакимовски треба да се јави во затвор на 2 јули

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули 2026 година треба да се јави на издржување затворска казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје издал упатен акт со кој осудениот С.Ј. се упатува да започне со издржување на правосилната казна затвор од една година, соопшти Кривичниот суд.
Јакимовски е осуден за случај поврзан со изградбата на општинската зграда, а пресудата е потврдена од Апелациониот суд.
Во изречената казна се пресметува и времето кое тој го поминал во притвор, односно пет месеци, па преостанатото време за издржување е околу седум месеци затвор.
Со оваа одлука, пресудата станува извршна, а Јакимовски е должен да се јави во затвор на наведениот датум.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
