Кривичен го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Петровска
Претседателот на Основен суд Скопје 1 - Скопје го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по обвинителен предлог поднесен од страна на СЈО.
- Во однос на барањето за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по предметот на овој суд XXI К.бр.1905/16, поднесено од страна на Јавно обвнителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање, стои во соопштението од Кривичниот суд.
Причината поради која СЈО побара изземање на судијката од предметот е сомнежот во непристрасноста на судијката која го води предметот за уништувањето на службени документи во Управата за безбедност и контраразузнавање.
Од СЈО велат дека постојат околности што предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што судијката се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата