Кривичен до петок ќе го оцени обвинението за пожарот во кочанската дискотека

Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.
Судот, посочува дека во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и нагласува дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица.
-Од приемот на обвинителниот акт, судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до Јавниот обвинител. За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа. Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Од Кривичен, исто така, нагласуваат дека судот ги прави сите напори за да ги исполни Законските обврски и доследно да ги испочитува загарантираните права на странките се со цел да не се компромитира предметот во понатамошниот дел од постапката.
МИА
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
