Крива Паланка ја усвои Програмата за еднакви можности за 2016
Советот на општина Крива Паланка ја усвои Програмата за активностите од областа на еднакви можности за 2016 година.
Програмата е изработена врз основа на Законот за еднакви можности на жените и мажите, во согласност со Акцискиот план за родова рамноправност на општина Крива Паланка 2013-2016, и во согласност со Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020 донесена од страна на Собранието на Република Макеоднија и Националниот план за акција за родова рамноправност 2013-2016.
Локалната власт во Крива Паланка преку своите надлежности ќе преземе акции во корист на родовата еднаквост преку интензивирање на работата во областите на тема човекови права-недискриминација, жената и одлучувачките процеси во локалната заедница, жената и пазарот на трудот, родово одговорно буџетирање и јакнење на капацитетите со едукација на носителите на овие активности.
Основни цели на Програмата се зголемување на нивото на сензибилизираност, разбирање, препознавање на појавата на семејно и други видови родово базирано насилство, подигнување на свеста и информираноста за превенција и заштита од трговија со луѓе, промовирање и унапредување на потребата од рамноправно учество на жените во политичкиот и јавниот живот во локалната заедница, унапредување на економскиот статус на жените преку јакнење на женското претприемништво, интегрирање на родовата перспектива при креирање буџетски политики согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родово одговорно буџетирање 2013-2017, како и редовна публикација на активности и материјали за родова рамноправност.
Тие ќе се реализираат со буџет од 85.000 денари, а предвидено е одржување на советувања, едукативни предавања, трибини и работилници.
Во евалуацијата на Програмата ќе биде вклучен и Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија