Македонија
23. April 2016 - 13:09

Криумчање со стил: Во две „ауди“ и „фолцваген“ пронајдени 21 мигрант

Ноќеска околу 02.00 часот од страна на полициски службеници кај с.Удово заблежано било патничко моторно возило „АУДИ“ со скопски регистарски ознаки со мигранти, по што возачот ја зголемил брзината и околу 03,00 часот кај исклучок од автопат Гевгелија прeма Скопје, кон стариот пат за Градско, возачот на возилото излегол од истото и се дал во бегство. Во возилото затекнати биле пет лица илегални мигранти и тоа три од Пакистан и две од Авганистан. Возачот на возилото во кое се откриени мигрантите  не е пронајден, а илегалните мигранти биле донесени во ПС Велес.

За настанот известен бил дежурниот јавен обвинител од кој дадени биле насоки да се продолжи со потрагата по возачот поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б од КЗ на РМ, а  илегалните мигранти да бидат сместени во Прифатниот центар за странци на МВР.

Вчера пак,  во 16.30 часот на клучката кај с.Удово,  од страна на патролен тим било забележано патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки со мигранти, како и патничко возило „Фолсфаген Пфаетон“ исто така со скопски регистарки ознаки кое  попречувало да извршат престигнување  на ПМВ „Ауди“. Кај клучката кај Демир Капија „Аудито“ се исклучило од автопатот и застанало, а возачот го оставил возилото со мигранти и се дал во бегство. Непосредно по напуштањето на патничкото возило,  возачот бил фатен од патрола од ПС Михајлово.

Во возилото пронајдени биле 16 мигранти од кои пет малолетни и 11 полнолетни лица. Од нив 10 лица се од Авганистан, едно чице Пакистан и пет лица од Ирак. Возачот на патничкото возило „Ауди“ во кое се превезувале мигранти е идентификуван и се работи за Ф.Н.(27) од Скопје. Во 18.35 часот забележано било паркирано возило „Фолсфаген Пфаетон“ и биле легитимирани две лица А.Б.(26) и С.Д.(28) двајцата од с.Арачиново, скопско. Поради сомнение дека се работи за организирана група на криумчарење на мигранти, лицата се приведени и задржани во ПС Неготино.

Против македонските државјани ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став 4 од КЗ на РМ и во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени до основниот суд Скопје-1 во Скопје.