Loading Video...
Ракомет
12. February 2020 - 18:40

Кристопанс и Атман заминаа од Вардар

Европскиот првак Вардар очигледно скапо ќе ја плати финансиската криза бидејќи поголем дел од ракометарите заминуваат или најавуваат заминување. 
Вистински шок денеска предизвика информацијата дека еден од најважните играчи на црвено-црните Даинис Криштопанс заминува од Скопје во дресот на германскиот Фуксе Берлин што значи дека нема да настапи на важниот дуел со Мотор Запорожје во Лигата на шампионите кој го решава пласманот во осмина-финалето. 
Летонецот во Берлин ќе игра до крајот на сезоната по што се сели во ПСЖ. 
Вардар остана и без  Павел Атман кој денеска замина  од клубот и тоа во Спартак Москва со што црвено-црните ќе бидат драстично ослабени до крајот на сезоната. 
Овие заминувања ќе продолжат најверојатно и во иднина бидејќи свое заминување најавија уште и Шишкарев потоа голманот Калифа Гебдан , Скубе, Дисингер и Толедо. 
Со ова станува се појасно дека само брза финансиска консолидација може да го запре егзодусот на европскиот првак.  
Вардар е исклучително важен проект за македонскиот спорт но и за самата држава.  Клуб кој набрзина израсна во европски гигант и  освои две титули во Лигата на шампионите нешто што не им успева на еден Пари Сен Жермен, Веспрем,,,,,екипи кои потрошија брдо пари за европски успех.