Loading Video...
Ракомет
12. January 2019 - 17:30

Кристјансон: Ќе сториме се да ја изненадиме Македонија

Исланѓанецот, Арон Кристјансон кој е селектор на Бахреин, нашиот следе3н противник на Мундијалот, смета дека македонската репрезентација е фаворит во утрешниот дуел, но дека тој и неговите избраници ќе сторат се да направат изненадување.
 
„Македонија е добар тим. Микс од искусни ракометари и млади и талентирани ракометари, имаат добра енергија. Знаеме кој е мозокот во напад, Кирил Лазаров и начинот н а кој играат со пивот ќе биде нашата задача во одбрана, како и да го надмудриме Ристовски на голот“, изјави Кристјансон.
 
Дуелот Македонија – Бахреин ќе се игра утре од 14 часот, а е прв на програмата од второто коло во Б групата