-->
-->
Кристијано Роналдо пет натпревари „на ладење“
-->
Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо е казнет со пет натпревари забрана на настап поради туркањето на судијата на вчершаниот натпревар од Супер купот со Барселона. Роналдо во 82.минута беше исклучен по добиениот втор жолт картон - црвен картон. На тоа тој реагираше неспортски и го турна судијата Рикардо Бенгоечеа.
Играчот на Реал првиот жолт картон го доби кога во 80.минута припостигнувањето на голот го соблече дресот, а вториот две минути подоцна откако по дуелот со противнички играч падна во шеснаесетникот и судијата сметаше дека „глуми“ и му покажа втор жолт.
Роналдо е казнет со еден натпревар за двата жолти картони и плус уште четири за туркањето на судијата. Покрај неиграњето играчот и клубот добија и парични казни.
Забраната на настап се однесува на сите натпреварувања во Шпанија, па така Кристијано Роналдо нема да го игра реваншот со Барселона (среда) и натпреварите со Депортиво, Валенсија, Леванте и Реал Сосиедад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор