Спорт плус
4. August 2015 - 14:38

Кристијано Роналдо маскиран како бездомник низ Мадрид

Светски познатиот Португалец се обиде во неколку наврати да си поигра со минувачите но не наиде на соработка.

За разлика од повозрасните едно младо момче ја прифати играта од непознатиот „уличар" по што следуваше откривање на маската и очекувана еуфорија...

Момчето доби топка со потпис а минувачите можност да го видат Роналдо на неколку метри од нив.