Македонија
16. August 2018 - 16:12

Криминални банди со уцени палат автомобили низ државата, десетици случаи се пријавуваат месечно

Овој автомобил БеЕмВе е последниот случај на запален автомобил кои ги регистрира полицијата. Навремената реакција на сопствениците спречила штета од огромни размери. Автомобилот е опожарен вчера во раните утрински часови на паркинг на булеварот АСНОМ. Сопственикот кој не сакаше да зборува пред камера за Сител вели дека случајно го забележал огнот  и веднаш повикал противпожарна бригада. Според него сторителите се обиделе да предизвикаат поголема експлозија бидејќи запаливата материја ја подметнале токму кај резервоарот за гориво.  Тој  се сомнева дека се работи за  изнуда а за сомнежот ја информирал и полицијата.

Овој сопственик како и останатите се жртви на криминална структура која во последниот период  e se poaktivna. Автомобилот vo Скопје не единствен истата ноќ bilo опожарено возило БМВ и во Велес со штипски регистарски таблички. На мета на криминалните банди најчесто се бизнисмени, високопозиионирани функционери во јавната админатрација.

48 вакви случаи се регистрирани во периодот од 2017 до март годинава.  Вкупно 56 возила настрадале од подметнати пожари. Полицијата успеала да расветли само мал број случаи а најголем дел се регистрирани во Скопје.  Бројките се зголемени во последните неколку месеци.

Во првите три месеци од 2018 година, регистрирани се вкупно 20 случаи на намерно запалени возила, од кои  најголемиот број случаи на подрачје на СВР Скопје-14, потоа  два  на подрачје на СВР Битола и по еден случај во СВР Велес, СВР Куманово, СВР Струмица и СВР Штип. По преземени мерки, расветлени се три случаи на намерно запалени возила, за што пријавени се пет сторители.

Експертите од областа на криминалистикта велат дека

 Сопствениците можат да добијат оштета само доколку нивните возила се каско осигурани.

Пред околу еден месец МВР уапси лидери на рекетарска банда која наплатувала долгови од скопјани на кои им ги палеле автомобилите, објектите а овие лица  шверцувале и хероин. 8 члената група делувала во главниот град, се служела и со нотарски заверени изјави и договори за преземање на побарување. Против нив  се поднесени кривични пријави за повеќе кривични дела по претходно извршен претрес во повеќе од 10 објекти.