Македонија
23. July 2015 - 19:28

Kриминалци од други градови организирано вршат кражби во Oхрид

Организирана група на крадци од повеќе градови од државава оперира во Охрид .Кражби во куќи ,станови ,деловни простории плажи и чаршијата  се најчестите мети .Тие ги користат гужвите и на многу лесен начин доаѓаат до нивниот плен  .Туристите своите мобилни телефони ,ташни со пари ,таблети ,клучеви од станови и автомобили ги оставаат на своите пешкири додека се на плажа на шанкови и на други места кои се достапни за крадците.

Од полицијата велат дека поголемиот дел на кражби се поради самото невнимание на граѓаните ,деновиве неколку странски туристи се пожалиле за изгубени мобилни телефони ,паричници и друг вид на опрема.

Портпаролот Димоски вели дека освен превентивно полицијата интензивно работи и на расветлување на кражбите .

На подрачјето ан СВР-Охрид регистрирани се  194 а лани 294 тешки кражби од кои 44 отсто се расветлени .