Криела 95.000 долари од својот сопруг цели 50 години: Кога дознал зошто останал без текст!
Стар брачен пар живеел заедно 50 години, и никогаш не постоело никаков сомнеж дека едниот крие нешто од другиот... Но работите биле малку поинакви.
Имено, сопругата од својот маж барала никогаш да не отвара една кутија за чевли која стоела на горната полица од нивниот ормар.
Нејзиниот маж ја послушал и никогаш не ја погледнал содржината на мистериозната кутија. Но, еден ден неговата сопруга се разболела и одлучила да му открие една тајна на својот маж и побарала да ја однесе во болница.
Кога се вратил дома тој ја пронашол кутијата и ја отворил. Во неа имало две плетени кукли и купче со пари во износ од 95.000 долари!
Но зошто? Како?- шокирано се прашувал нејзиниот маж. Пред да се венчаме мојата баба ми раскажа една приказна и ми даде совет кога и да се расправаме да не бидам лута и да не се расправам, туку да седнам и да почнам да ткаам кукла. Тоа ќе ме смири.
Старецот доживеал шок. Во старата кутија се наоѓале само 2 кукли. Тоа значело дека за сите тие години таа само 2 пати била лута на него. Цврсто ја прегрнал и ја прашал - А од каде ти се сите овие пари?
„Ах...да“ - рекла со насмевка на лицето...„Тие пари ги добив од продавање на кукли.“
Ново на Сител
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната