Кремљ: Се надеваме на добар дијалог со САД, но разликите остануваат
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изрази надеж за конструктивен дијалог со администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, но предупреди дека разликите во ставовите на Русија и САД ќе останат.
Тој истакна дека би било илузорно да се очекува дека руско-американските односи ќе бидат без никакви несогласувања.
- Успешниот развој на билатералните односи ќе зависат од нашите способности да ги решиме тие разлики преку дијалог, нагласи портпаролот на Кремљ, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе го побара Трамп да му ја честита претседателската инаугурација.
Песков, исто така, укажа и на предизвиците кои ги поставува прашањето за контрола на нуклеарното оружје, сложеноста на ситуацијата во Сирија и други прашања.
Коментирајќи ја неодамнешната изјава на Трамп во која најави можно укинување на санкциите воведени против Русија во замена за договор за намалување на нукалераното оружје, Песков истакна дека е тешко да се поврзат тие две прашања.
Тој, исто така, ја нагласи и улогата на САД во решавањето на речиси шестгодишниот судир во Сирија, каде Трамп понуди да ги здружи напорите со Русија во борбата против Исламска држава.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција