Кремљ: Русија нема право и не планира да се меша во американските избори

Русија нема планови, ниту право да се меша во американските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Немаме право, ниту намера да се мешаме во американскиот изборен процес. Таму имаат многу проблеми и без нас, забележа прес секретарот на рускиот претседател во коментар по повод изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за можни изборни фалсификати.
Како што јави ТАСС, Песков нагласи дека проблемот околу борбата со изборни измами се „внатрешна работа на САД“.
Претходно Трамп предизвика уште еден скандал во САД, изјавувајќи дека на изборите може да загуби од Клинтон, само ако има масовни фалсификувања. Милијардерот на ниту еден начин не ги образложи своите тврдења, но го нарече „шокирачки“ фактот што законите во државата Пенсилванија не ги задолжуваат избирачите да покажуваат документ за идентификација пред да гласаат.
Во 33 од вкупно 50 држави на САД се применува идентичната постапка.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
