Кремљ: Обвиненијата од САД за хакерски напади се глупост
Москва, 8 октомври 2016 (МИА) - Кремљ ги оквалификува обвиненијата од САД дека руската Влада стои зад хакерските напади на американски политички организации како „глупост“.
- Ова е повторно некој вид глупост, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
- Секој ден сајтот на Путин го напаѓаат десетици илјади хакери. Голем број од тие напади доаѓаат од САД, но ние не ја обвинуваме Белата куќа или Ленгли, истакна Песков.
Американски функционери и официјално ја обвинија руската влада за кибер напади на американски политички организации, наведувајќи дека целта била „мешање во изборниот процес во САД“.
„Веруваме дека врз основа на обемот и чувствителноста на овие активности дека само највисоки руски функционери можеле да дадат овластување за нив“, се наведува во заедничкото соопштение на Министерството за национална безбедност и канцеларијата на директорот на американските разузнавачки служби.
Ова соопштение е прво официјално обвинение од вашингтон за Москва во врска со серијата хакерски напади врз членови на Демократската партија.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија