Кремљ ги очекува имињата на виновниците за убиството на рускиот амбасадор

Кремљ смета дека групата која го истражува убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, „порано или подоцна“ ќе ги открие виновниците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ТАСС.
Песков повика да не се избрзува со претпоставки и заклучоци за виновниците за убиството на Карлов, туку да се почекаат резултатите од работата на заедничката турско-руска истражна група, која вчера почна со работа.
Тој одби да даде коментар за различните шпекулации во врска со убиството на Карлов, вкучително и за тоа дека зад трагедијата можно е да стојат специјални странски служби.
Амбасадорот на Русија беше застрелан на 19 декември, за време на отворање на изложба на фотографии во галерија во Анкара.
Напаѓачот е ликвидиран од страна на силите за безбедност.
Во пукотницата беа повредени три лица.
Руското Министерство за надворешни работи убиството на амбасадорот го оцени како терористички напад, а рускиот Истражен комитет покрена кривична постапка за „акт на меѓународен тероризам“.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
