Кредитите и депозитите и натаму бележат раст

Депозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1 отсто, додека кредитите за девет отсто.
Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.
Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4 отсто во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства.
Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.
На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1 отсто, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити.
Во март 2019 година, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно зголемување, исто така, од еден отсто. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити.
Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец,најзастапената категорија биле потрошувачките кредити, кои бележат месечен раст од 1,2 отсто и годишен раст од 10,9 отсто. Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2 отсто на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6 отсто. По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележале месечно и годишно зголемување од 2,3 отсто и 0,4 отсто, соодветно.
Ново на Сител
-

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци
-

65-годишен скопјанец починал во сообраќајка
-

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектираното
-

Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност
-

Андоновски наредната недела на средба со претставници на Здружението на инфлуенсерите
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
