Бизнис
25. February 2021 - 16:33

Кредисимо достави топли оброци за вработените на Инфективна

Стартуваше иницијативата “Топол оброк навреме”, покрената од компанијата за брзи кредити Кредисимо, со што се обезбедува оброк за вработените на Клиниката за инфективни болести. Целта е да се искаже почитта кон здравствените работници, кои веќе цела година се борат со пандемијата.

“Веруваме дека со оваа постапка ќе помогнеме на персоналот на Клиниката и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа, како и до сега. Се надеваме дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов тоа им е и најпотребно”, вели Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Кредисимо во текот на следните две недели ќе ги снабдува вработените на Инфективна со топол оброк.

“Кредисимо е веќе пет години присутен во Македонија и со оваа донација ние го одбележуваме почетокот на голем број активности од општествена одговорност”, вели Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Вработените во Кредисимо се надеваат дека нивниот пример ќе го следат и други компании.