„Креативна Европа – Култура“: Подобра искористеност на ЕУ фондовите во културата

Подобра искористеност на ЕУ фондовите наменети во областа на културата и креативните дејности е целта на Инфоденот и работилницата „Креативна Европа – Култура“ што се одржа денеска во Скопје во организација на Одделението за креативна Европа - отсек Култура при македонското Министерство за култура.
Билјана Прентовска, претставник од оваа канцеларија при Министерството за култура, истакна дека денешниот настан и утрешната работилница се наменети за подобро информирање на сите правни лица во Македонија кои се заинтересирани за реализација на проекти од областа на културата на кој начин би можеле да аплицираат и да ги искористат европските фондови.
- Со оглед дека програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ е единствениот инструмент на ЕУ наменет за културниот и креативниот сектор, тоа значи дека сите организации кои се правно регистрирани и спроведуваат активности во културните сектори можат да учествуваат со свои проекти и да аплицираат за оваа програма. Критериумите се навистина многу, но пред се станува збор за транснационални, односно копродукциски проекти. Нашите организации мора да имаат обезбедено партнери од останатите земји вклучени во оваа Програма, а тие се повеќе од 40 и да спроведуваат активности коишто имаат наднационална, односно европска димензија, вели Прентовска.
Таа посочи дека во рамки на Инфоденот и на работилницата која ќе се одржи утре во Музејот на современа уметност ќе стане збор за најважниот приоритет кој, според неа, е трансверзален приоритет на Креативна Европа, односно се однесува и на програмата Култура и на подпрограмата Медија, а тоа е развој на публиката.
Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија, пред присутните на денешниот Инфоден одржа презентација на проектот „Креативно партнерство“, осврнувајќи се притоа на појаснувања на некои од критериумите за учество во проектите на Креативна Европа од областа на културата кои од досегашното искуство било согледано дека се недоволно јасни за потенцијалните апликанти.
Таа ќе зборува и за клучните приоритети на подпрограмата Медија посветена на развојот на медиуми со фокус за најдобрите примери за стратегии и тактики како да се привлече публиката денес.
- Сведоци сме дека публиката се оситнува, старее и станува се потешко привлекувањето на посетители на културните настани. Затоа културниот и креативниот сектор мора да ги осмислат своите стратегии. Токму затоа презентацијата ќе биде посветена на теоријата како тоа да се постигне и на најдобрите практики од европските проекти, вели Лаузикате.
Таа вели дека е запознаена оти Македонија во однос на искористеноста на средствата од Креативна Европа е многу добра во делот на литературните преводи и општо на полето на литературата, но досега нема искуства со македонски партнери. Од гостувањето во Македонија се надева дека ќе произлезат можности за поблиска соработка.
Запрашана колку се искористени овие ЕУ фондови во областа на културата, Прентовска истакна дека за периодот 2007-2013 година мекдонски организации од областа на културата учествувале во 60 европски проекти, а во последниве две години веќе се регистрирани 23 учества на македонски организации во транснационални проекти, односно во копродукциски европски проекти.
Ново на Сител
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
