-->
-->
Кражба во кумановско Опила, физички малтретирани старица и нејзината ќерка
-->

Шест маскирани лица извршиле разбојништво над 92-годишна старица и нејзината 67-годишна ќерка во кумановското село Опила.
Полицијата соопшти дека разбојништвото е извршено вчера околу 9 часот кога разбојниците влегле во домот на старицата и физички ги нападнале двете жени така што ги легнале на подот, ги удирале по телото, а потоа им ги врзале рацете и нозете и ги онесвестиле со електрична палка.
Потоа извршиле пребарување и одзеле 3.000 евра по што избегале. Двете жени се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од полициската станица во Крива Паланка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
